Спроведувањето на јавните набавки од институциите ќе биде потранспарентно, како и огласувањето на продажба на предметите на државните органи. Тоа се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки и Законот за користење и располагање со предметите на државните органи кои денеска ги објасни премиерот Никола Груевски, а се доставени до Собранието, а ќе важат од идната година. Според Груевски, со измените во Законот за јавни набавки ќе се подобрат алатките за борба против корупцијата, ќе се стесни просторот за манипулации, за обиди за наштетување на државниот интерес и средствата на граѓаните или, пак, противправното обезбедување имотна корист. Исто така, ќе се намалат и трошоците на деловните субјекти кои настануваат во постапките на јавните набавки и значително ќе се подобри нивниот пристап, а ќе се зголеми транспарентноста.
Спроведувањето на јавните набавки од институциите ќе биде потранспарентно, како и огласувањето на продажба на предметите на државните органи.
Тоа се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки и Законот за користење и располагање со предметите на државните органи кои денеска ги објасни премиерот Никола Груевски, а се доставени до Собранието, а ќе важат од идната година.
Според Груевски, со измените во Законот за јавни набавки ќе се подобрат алатките за борба против корупцијата, ќе се стесни просторот за манипулации, за обиди за наштетување на државниот интерес и средствата на граѓаните или, пак, противправното обезбедување имотна корист. Исто така, ќе се намалат и трошоците на деловните субјекти кои настануваат во постапките на јавните набавки и значително ќе се подобри нивниот пристап, а ќе се зголеми транспарентноста.
Груевски нагласи дека со новите законски решенија се обезбедува нормално функционирање на јавниот сектор и на обезбедување на потребните услуги на граѓаните, но, од друга страна, и соодветни контролни механизми за спречување злоупотреби на јавните фондови.
Како најзначајна измена е заострувањето на контролните механизми кои обезбедуваат спречување злоупотреби при утврдување на условите за учество на компаниите и техничките карактеристики на предметот на набавка.
„Во иднина договорните органи ќе мора да извршат сериозна анализа на пазарот за да ја утврдат потенцијалната конкуренција и бројот на можни понудувачи. Анализата треба да покаже како би влијаеле условите за квалификација на фирмите и техничките спецификации на бројот на потенцијалните понудувачи кои треба да е поголем од пет“, рече Груевски.
Клучно е што зајакнува позицијата и надлежностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки која во иднина ќе има активна улога за спречување можни манипулации со критериумите.
Со измените и дополнувањата на Законот за користење и располагање со предметите на државните органи, пак, ќе се придонесе за голема транспарентност во продажба на предметите што ги користат државните органи и достап на процесите. Тој во прв ред ќе се однесува на министерствата и сите други буџетски корисници.